Дали би ја оставиле девојката за нов iPhone ?


Појавувањето на нови интересни гаџети вообичаено оди рака под рака со анкетите за тоа што сѐ се подготвени купувачите да направат за да дојдат до некој од тие нови и интересни производи.

iphone_1Така беше и овој пат по претставувањето на новиот iPhone 5S, а една интересна и не многу сериозна анкета на SaleLand покажува дека луѓето би ја прекинале врската за нов Apple смартфон.

Пет проценти од испитаниците признале дека би ја оставиле девојката за нов iPhone, а други пет проценти кажале дека би го направиле истото и за друг бренд на паметен телефон, како на пример Samsung Galaxy S4.

„Заедно сме веќе три години и сигурно би ја откачил кога тоа би значело дека ќе добијам нов iPhone. Веќе ми е здосадена“ – кажал еден од испитаниците.

На крајот, организаторите на анкетата биле изненадени од високиот број на луѓе кои би се откажале од стариот партнер за нов гаџет, но изгледа дека ново си е сепак ново.

Извор: Kajgana.com/GSM.MK

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1