Дали Дениза е жртва на руската мафија?


Како што пренесува Канал 5, во текот на следната седмица се очекува обвинителката на Крит да има некакви информации за случајот со исчезнатата Дениса. Предметот се уште се разгледува. – велат за Канал 5, од Обвинителството во чии раце од понеделникот е документацијата од истрагата на полицијата и крајбрежната стража. И по две седмици, мистеријата е без разврска.

denisaЗошто токму на денот на исчезнувањето цимерката на Дениса отишла во болница на Крит?! Зошто ја нема СИМ картичката од мобилниот?! Зошто бродот си продолжил да плови по предвидената програма?! Зошто капетанот чекал да стигнат на Крит, да бараат сами па подоцна да пријави во полиција?! – ова се само дел од прашањата кои засега остануваат без одговор, прашања кои ги поставува и семејството на исчезнатата 23 – годишна девојка.

Канал 5, од извори од истрагата се обиде да дознае што точно се случило во петокот на 12. септември. Бродот на Крит стигнал во 8:40, исчезнувањето е пријавено во 10:20, а наводно капетанот прво решил дека треба сами да ја побараат на бродот, а дури потоа да ја алармираат полицијата. Откако стигнала полицијата, земала исказ од дел од вработените на бродот, а крстарењето по само неколку часа продолжило кон следната дестинација, градот Ретимнос на грчкиот остров Крит, велат од Канал 5.

Она што дополнително покренува прашања, дали е само коинциденција или некаква вмешаност е ситуацијата со цимерката на Дениса. Повозрасната Русинка, и покрај тоа што на бродот имало лекар по пристигнувањето на грчкиот остров заминала во една од локалните болници бидејќи од претходниот ден се пожалила на здравствени проблеми. Меѓутоа,посетата на грчката болница во никој случај не била скришна, велат извори.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1