Термоелектраната во државна сопственост во Неготино ќе купува алкотестови. Надлежните во акционерското друштво во средата распишале тендер во кој се бара апарат за мерење на алкохол, пишува плус инфо.
Во огласот уште се вели дека фирмите треба да достават понуда најдоцна до понеделник половина час по пладне и дека единствен критериум при бодувањето е цената. Но во документот на веб-сајтот на Бирото за јавни набавки нема детали за што ќе се користи алкотестот во државната термоелектрана.
Набавката на алкотестови, освен за МВР, е исклучително ретка пракса во државните институции и компании.
За последниве три- четири години единствениот пример, покрај ТЕЦ Неготино е Јавното сообраќајно претпријатие Скопје.
Според директорот на ЈСП, Мишо Николов, тие купиле алкотестови за повремено да ги контролираат возачите на автобусите. Таквите контролите вели, се само за интерна употреба и безбедност.