Дали Македонија може да стане еден од производителите на јаглеродни нано цевчиња?


Во лабораториите на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје веќе се произведуваат јаглеродни наноцевчиња, попознати како материјалот на иднината. Неговите фасцинантни карактеристики меѓу кои цврстина која е 1000 пати поголема и маса која е за 6 пати помала од челикот го прават идеален кандидат за материјал на иднината.

nano cevcinjaВо научната соработка помеѓу универзитетот од Кембриџ, Велика Британија, и Технолошко металуршки факултет од Скопје, под водство на професорот Dereck Fray и професорот Александар Димитров, за време на неговиот постдокторски престој на овој универзитет, постигнати се фасцинантни резултати во полето на производство на овој материјал на иднината. Технологијата е веќе патентирана во ЕУ и САД.

Професорот Димитров, со своите соработници, активно работи на подобрување на технологијата и нивно производство во лабораториите на ТМФ. По усовршувањето на технологијата нареден чекор е инсталирање на пилот постројка за производство на овој наноматеријал. Сепак за реализација на пилот постројката потребни се поголеми финансиски средства кои ќе треба да се обезбедат од домашни или меѓународни фондови.

Истовремено, на факултетот се работи и на истражувања за примена на јаглеродните наноцевчиња произведени на ТМФ. На овие проекти, заедно со професорот Димитров работат професорите Анита Грозданов и Перица Пауиновиќ со соработниците.

На фотографиите подолу Ви прикажуваме наноцевчињата снимени на скенинг електронски микроскоп, а добиени во лабораториите на Технолошко-металуршки факултет.

Faculty of Technology and Metallurgy in SKOPJE
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1