Меѓутоа, треба да знаете како да ги користите за да имате бенефит од нив. На Фејсбук следете ги компаниите и организациите кои редовно објавуваат огласи за вработување. Вашиот профил треба да биде совршен.
Не заборавајте да ги наведете сите претходни работни искуства, образование, обуки, курсеви. Многу компании сметаат дека Фејсбук е важен во процесот на вработување. Дури 90% од фирмите се со став дека вработувањето преку социјалните мрежи чини поевтино. Преку Фејсбук ќе дознаете кој од пријателите работи во одредена компанија и ќе добиете информација од прва рака.
„Твитер“ може да го користите со тоа што ќе пребарувате термини како „работа“, „вработување“ или ќе ја наведете вашата професија и градот, на пример: „програмер“ и „Скопје“. Истовремено следете ги профилите кои често објавуваат огласи за вработување.
Социјалните мрежи нудат можност за интеракција и комуникација меѓу фирмите и потенцијалните кандидати за вработување.
Фактор.мк