Германскиот канцелар Ангела Меркел предупреди на опасност од вооружени судири на Балканот, низ кои минуваат транзитните маршрути на бегалците ако се побара Германија да ја затвори границата со Австрија.
– На Западен Балкан веќе има тензии и јас не сакам таму да се случат воени судири, изјави синоќа Меркел во Дармштад и додаде дека не сака „да се засилуваат мрачните тонови, но ситуацијата може брзо да се влоши“.
Експерти предупредија дека ако Германија ја затвори границата со Австрија, истото ќе го направат и балканските држави низ кои минуваат бегалците.