Дали песната КАЖИ ЗОШТО МЕ ОСТАВИ е плагијат? Постои верзија пред нашата? (Видео)


Македонската песна „Кажи зошто ме остави“ е создадена уште во 1947 или 1948 година.

bobi avtoski kazi zosto me ostavi2

Никола Боби Автовски, човекот кој и го испеа првиот македонски шлагер „Кажи зошто ме остави“ и на тој начин ја започна и историјата на македонската забавна музика, е заведен како автор на музиката . 

Авторот на текстот на песната ’Кажи зошто ме остави’ е Јово Велјановски.

На youtube се појави снимка објавена уште во 2011, стои дека песната е снимка од 1945 година. Песната е идентична на нашата Кажи зошто ме остави.

Nikos_Gounaris

Ако грчката верзија е од 45, дали тоа значи дека нашата е плагијат? Кој од кого ја превзел песната со оглед на фактот што песната од грчкиот пејач е дефинитивно снимена пред 65 – пејачот починал на 5 мај 1965, а бил популарен во `50 години.

Видеото го објави сајтот jadiburek.com и вели

– Би сакал некој од музиколозите или познавачите на музиката да се изјасни. Иако во тоа време било сосема нормално песни да се препеваат на сопствениот јазик и така во недоглед се додека не се изгуби оригиналниот извор и прапочеток на песната.

Nikos_Gounaris2За грчката верзија стои: 

Се работи за авторска песна и еве што пишува – 1945 Tango music  by Nikos Gounaris and lyrics Costas Kofinioti. The score writes “forgiven in fine my friend C. Mermiga. NG Prototragoudithike the ‘Oasis’

За текстописец се тврди дека е познатиот грчки автор Костас Кофиниоти, а музиката на Никос Гоунарис

На сајтот на Амазон оваа песна е под наслов Poios Se Pire Kai Mou ‘fyges  и пишува дека е објавена на албумот Omorfi Athina (Recordings 1946 – 1952)

Македонската верзија пак: 

Македонската песна „Кажи зошто ме остави“ е создадена уште во 1947 или 1948 година, како плод на сосема искрен порив за забава на тогашните млади момци во Битола.

bobi avtoski kazi zosto me ostaviЈово Велјановски, подоцна познат адвокат, во младешките денови во Битола за песните што биле изведувани на игранките пишувал свои, македонски текстови. Никола Боби Автовски, пак, иако охриѓанец, со завршено Средно воено музичко училиште во Вршац, работел како актер во Театарот во Битола. Младешката енергија за песна брзо ги поврзува Јове и Боби, па на една од забавите Боби првпат ќе ја испее „Кажи зошто ме остави“.  Песната често е изведувана на програмата на Радио Битола, но секогаш во живо, од самиот Боби Автовски. Првата снимка е направена во 1956 година, во Радио Скопје.

Еве што неодамна за песната изјави синот на Боби Автоски…

„Дел од легендарноста на оваа песна, покрај тоа што е првиот македонски шлагер, е што се’ уште е една од ретките песни што се пее на македонски јазик и надвор од границите на Македонија“, вели Методија Автовски, синот на Боби Автовски, и самиот академски музичар. ’Кажи зошто ме остави’ доби уште неколку верзии на српски и на хрватски јазик.

Уште додека татко ми беше жив, ја препеа Џими Станиќ. Тој дури и му се јави на татко ми да побара дозвола да ја препее. Оваа песна се’ уште е мотив и за нови обработки, во разни верзии, па дури и за еден српски филм, каде што мислам дека Ана Софреновиќ одлично ја изведе. Но, татко ми секогаш кога ја изведувал, ја пеел на македонски јазик и навистина имал голема популарност во цела тогашна Југославија“, вели Мето Автовски.

Еве ги двете верзии поставени на You Tube

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1