Во народот се верува дека доколку имате навика често да ги пукате прстите на рацете ќе заболите од артритис. Старите постојано ги предупредуваат младите со зборовите – не ги пукај прстите, ќе ти се тресат рацете. Има ли вистина во ова верување?
Според сите истражувања кои биле направени нема никаква поврзаност помеѓу пукањето на прстите и артритисот. Она што најмногу ги вознемирува луѓето – Звукот на пукањето, нема никаква врска со коските туку доаѓа од испуштањето на гас помеѓу зглобовите.
Сепак научниците велат дека со често ослободување на овој гас можно е да ослаби фатот на рацете – па изгледа старите и не предупредувале туку така.
Во секој случај и оваа состојба е привремена бидејќи коските повторно си создаваат свое лежиште и гас меѓу зглобовите.