Стефани Енглин, доктор на униоверзитетот во Њу Џерси започнала истражување со претпоставка дека луѓето имаат длабоки засадени верувања за душата и за вечниот живот. Таа испитала 348 луѓе за тоа дали веруваат во душата и во задгробниот живот, во период кога имале 10 години, а после тоа на 18 години.
За безсмртноста на душата и вечниот живот во кои вереувале како деца, луѓето веруваат и во повоздрасните години од животот, дури и кога не го признаваат тоа, тврдат научниците. Студијата покажала дека личните верувања многу малце од луѓето ги менуваат во текот на самото созревање.
Стефани Енглин, доктор на униоверзитетот во Њу Џерси започнала истражување со претпоставка дека луѓето имаат длабоки засадени верувања за душата и за вечниот живот. Таа испитала 348 луѓе за тоа дали веруваат во душата и во задгробниот живот, во период кога имале 10 години, а после тоа на 18 години.
Енглин открила дека нивните верувања останале исти, само што тоа не го признале сите, а разлика меѓу религиозни и нерелигиозни луѓе непостоеше.
Таа не била изненадена од резултатот, бидејќи била свесна од експериментот во 2009, кој што покажал дека никој од испитаниците не бил спремен да му ја “продаде душата на научниците за два долари“.
Луѓето одбивале да потпишат договор, иако научниците им објаснија дека не станува збор за сериозна размена, па дури и кога им ветиле дека ке го искинат.
Дури и испитаниците кои што рекле дека не веруваат во задгробен живот, одбија да ја “продадат“ својата душата. Студијата на Стефани Енглин објавена е во британски Журнал за социјална психологија.
Denesen.mk