Многу луѓе ширум светот мислат дека со помош на нашите мисли или со поглед полн со завист можеме да нанесеме, болка, повреда па дури и смрт на други личности. За овие појави постојат различни термини, но ние ќе го користиме терминот “урок”.
Урок е термин кој се користи да се опише појава во која духовните вибрации на една личност влијаат врз друга личност. Во денешниот материјален свет, постојат многу луѓе кои имаат многу негативности во својот карактер како што се пороците, љубомората, омразата и многу други и со помош на вибрациите кои се создаваат при таквите негативности, можат духовно да влијаат врз други личности. Секое живо суштество може да биде погодено од урок и сега ќе разгледаме неколку различни начини на кои може да настане сето тоа.
- Со помош на нашите мисли кои се полни со мечти. Ова се случува кога на пример некои луѓе ќе видат мало, насмеано дете и несвесно
имаат некакви мисли за неисполнети желби од истиот карактер. Ова му пречи на детето, бидејќи тоа е многу чувствително. Сите сме сведоци на бројни вакви примери.
- Во одредени ситуации, некои личности имаат лоши мисли кон друга личност, а најчесто е истакнато преку завист за нечиј успех. Негативните вибрации кои се создаваат во тој процес влијаат врз дадената личност.
- Со помош на црна магија при која се користат специфични мантри и средства со точно дефинирана цел за да се наштети на друга личност. Постојат многу личности кои присегнуваат кон црната магија. Тие тоа го прават под влијание на негативна енергија.
Во денешно време, голем дел од луѓето не обавуваат духовна пракса и со тоа различните импресии во умот како што се алчност, љубомора и сл. преовладуваат. Луѓето водени од таквите мисли се однесуваат со слично однесување водено од нивните желби. Бидејќи нивото на негативната енергија е високо од тие причини, во денешно време е се поголема појавата на уроци.
Меѓутоа познати се повеќе различни начини за остранување на уроците и различни средства кои ја впиваат негативната енергија.
Тука спаѓаат семе од спанаќ, кокосов орев, чили пиперчиња, стипса и други. Потоа истите тие се потопуваат во вода и се спалуваат.
Со користењето на горе наведените може да дојде до моментално олеснување од ефектот на урокот, но тие претставуваат само привремено решение, бидејќи личноста може повторно да биде погодена од урок дури и кога веќе еднаш е од него ослободена.
Според народните верувања на балканскиве простори од урок штити доколку се носи долен веш наопаку, или да се измијат очите на детето со крстена вода.
А најпознато против уроци е онаа народната – кога некому му давате комплимент или го фалите обавезно поплукајте го – ПУ ПУ ПУ да не те урочам