Дали знаете зошто велиме – Гас до даска, шпанско село, лее крокодилски солзи …


Во секојдневниот говор користиме над 15.000 изрази – некои ги користиме и по навика ни не размислувајќи што значат и како настанале. Telegraf.rs собра на едно место неколку објаснувања за оние идиоми со кои најчесто ги слушаме:

maksim-po-diviziji-copyГас до даска

Оваа фраза се користи кога сакаме да кажеме дека нешто правиме како што треба, до самиот крај. Објаснувањето е едноставно. Подот под педалата за гас често се нарекува даска. Оттка идиомот „до даска“ се проширил и во други примери, означувајќи го терминот „до крај“.

Слеп патник

Потеклото на овој идиом доаѓа од таму што некогаш слепите патници ги превезувале бесплатно. Но, лингвистот Милан Шипка тврди дека ова објаснување не е веродостојно и дека всушност се работи за едноставен превод од германскиот израз „bilinder Passagier“. Придавката „blind“ значи „слеп“, но некогаш означувало и „прикриен“ или „таен“

Шпанско село

Овој идиом го користиме кога сакаме да кажеме дека на некој нешто му е непознато или нејасно. Се поставува прашањето зошто не велиме „португалско“, „германско“ или „швајцарско“ село?

Објаснување дава лингвистот Милан Шипка во книгата „Зошто се вели“. Според неговото објаснување станува збор за превод од германскиот термин „spanische Dofer“ кој го има истото значење како и кај нас.

Прв тој израз го употребил Јохан Волфганг Гете во познатиот роман ,, Маките на младиот Вертер“ со значење дека Германците она што доаѓало од шпанскиот јазик за нив било далечно, несватливо и неразбирливо.

Крокодилски солзи

Оваа фраза означува лажно оплакување или нечие сожалување.

Објаснување: Верувале или не крокодилите понекогаш навистина плачат, но не од тага или жалост, туку затоа што солзните и плуковните жлезди му се тесно поврзани, па кога ќе ја улови жртвата, рефлексно солзи, поточно испушта крупни солзи. Оние кои имале можност да го видат тоа, заклучиле дека овој ѕвер навистина ги оплакува своите жртви. Така настанал овој идиом.

Telegraf.rs

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1