Дамовски: Не се откажуваме макар и да нè затворат


Постои страв дека може да нè затворат и да се обидат да нè пресечат во корен, но колку е поголем стравот, толку е поголем поттикот да останеме доследни на нашите барања и апели.

Нема да отстапиме од нашите цели, макар и по цена да завршиме во затвор, можеби дури тогаш ќе нe спречат, вели во интервју за „Дневник“ режисерот Борис Дамовски од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.boris-damovski-7-640x344

Нивните истомисленици два месеца протестираат пред законодавниот дом, а во четвртокот испровоцирани од избирањето на Талат Џафери влегоа во Собранието за да го спречат, како што велат, уривањето на демократијата и правните процеси во него.

Kако го коментирате церемонијалот што го организира СДСМ за да се избере Џафери? Kој момент ја прелеа чашата?

-Нелегалната процедура за изборот на Џафери. Неговиот збор за претседател е нелегален. Нема записник, нема процедурално броење гласови. Иако со недели мирно, но гласно порачуваме дека тиранската платформа треба да се отфрли, бараме да се зачува унитарноста на државата, во Собранието се случи сосем спротивното. Секому му е јасно дека тенденцијата беше поттикнување специјална војна. Kласичен психолошки тригер за провокација на насобраниот народ кој сака да си ги зачува државата и институциите.

Претставникот од САД, Хојт Ји, го призна Џафери за легитимно избран претседател, истото го сторија и Брисел и амбасадорите во земјата. Што доколку остане вака, треба ли да се дозволи Џафери да остане претседател?

-Пред да имаме легална влада, треба да имаме легално Собрание. Признанието на Ји е само дел од геостратешката агенда на неговата и неколку други земји да ја претворат Македонија во Стенковец, бегалски камп. Но, Ји не може да е неприкосновен за да ги прогласува или аминува процесите во Македонија. Џафери е нелегално избран и залудни се признанијата.

Ве обвинија за поттикнувачи на крвави пресметки во четвртокот, бараат и одговорност за вас како организатори и водачи на протести, односно затворски казни…

-Нашето присуство и нашата волја за зачувување на интегритетот и унитарноста на Македонија се оружјето со кое се бориме. А не насилството. Да, постои страв дека може да нè затворат и да се обидат да нè пресечат во корен, но колку е поголем стравот, толку е поголем поттикот да останеме доследни на нашите барања и апели.

Непрестајно ве обвинуваат и дека одработувате за ВМРО-ДПМНЕ, дека сте нивни платеници и послушници, односно целта не ви е она за што протестирате…

– За нив, секој патриот е вмровец, секој што ја сака земјата по автоматизам е ВМРО-ДПМНЕ. Но грешката е во партијата што дозволи ова да се протне во јавноста како спин. Ако вака анализираме, тогаш и голем број членови на СДСМ кои ја поддржуваат иницијативата „За заедничка Македонија“, всушност, се вмровци.

Има ли моќ „За заедничка Македонија“ да се избори за исполнување на барањата? Kако?

-Продолжуваме со протести, не запираме сè додека нема нови избори на кои народот ќе одлучи кого и што ќе поддржи, без да се протнуваат странски стратегии и платформи. Или, пак, додека не нè затворат.

Сe почна од Пржино

Според Дамовски, до оваа состојба немаше да се доведеме ако не се дозволеа пржинските маратонски преговори со интервенција на меѓународната заедница.

-Пржино не требаше да се случи, не требаше да се дозволи меѓународната заедница воопшто да интервенира. Ние моравме да покажеме дека можеме сами да најдеме решение за проблемот, едноставно, не требаше да се случи, ама дозволивме и сега нема назад.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1