Актуелниот македонски претставник за избор на песна на Евровизија, Даниел Кајмакоски денес во 17 часот на првиот канал на Македонската Радио Телевизија ќе ја промовира англиската верзија и видео-записот на евровизиската тема „Лисја есенски“ (Autumn leaves).
Со оваа композиција Даниел во мај ќе ја претставува Македонија на јубилејното 60. издание на Евровизија кое ќе се одржува во Виена.
Кајмакоски во Виена ќе настапи на англиски јазик, а за новиот аранжман на композицијата, чиј автор е шведскиот композитор Јоаким Персон, се погрижи композиторот Роберт Билбилов.