Даниел од „Авалон“ починал на тренинг


На трениг во фитнес центар починал еден од сопствениците на продукцијата Авалон, Даниел Милошевски, јавуа Телеграф повикувајќи се на неофицијални извори.

daniel avalon Според информациите кои веќе ги објавија медиумите, Даниел починал вчера во вечерните часови. Најверојатно станува збор за срцев удар, но нема официјална потврда.

Посмртните останки ќе бидат изложени утре во капелата на Градските гробишта во Бутел, а погребот ќе биде во 14 часот.

Браќата Даниел и Бобан Милошевски беа едни од најуспешните во областа на шоу бизнисот, не само во Македонија, туку и на Балканот, правејќи ги најголемите концерти на најпознатите домашни, екс југословенски, но и светски ѕвезди.

Даниел успеал сам да стаса до болница – но не можеле да го спасат

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1