Данок од 100 евра месечно за сопствениците на кучиња


опствениците на кучиња во Хрватска најверојатно од 1 јануари 2017 година ќе и плаќаат на државата данок во висина од 100 евра поради нивните миленици.

Како што пишува „Слободна Далмација“, хрватските власти планираат да донесат закон за заштита на животните, а токму оваа одредба ќе биде составен дел од предлог-законот.kuce seta

Јавната расправа за овој предлог е завршена, а хрватското Министерство за земјоделство ги разгледува одговорите на доставените коментари.

Ако државата се одлучи за воведување на овој данок, тој ќе биде наметнат на околу 350.000 лица, кои се регистрирани како сопственици на кучиња.

Претставниците на Министерството за земјоделство сметаат дека со воведувањето на овој данок ќе се испрати порака до сопствениците на кучиња со цел да ја осигураат контролата за размножување на нивните миленичиња.

Имено, идејата е да не се даночат сопствениците на стерилизирани кучиња како и оние кои вдомиле улично куче.

Се наведува дека ова решение го поддржуваат и здруженијата за заштита на животните.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1