Српскиот пејач Дарко Лазиќ , кој имаше тешка сообраќајна несреќа , по една недела се разбуди од кома.
Докторите на клиниката во Земун го разбудиле пејачот од вештачки индицираната кома и нема да му даваат средства за смирување , бидејќи им објасниле на најблиските дека така побргу ќе се опоравува.
На 23 октомври пејачот Лазиќ имаше тешка сообраќајна несреќа , по која врз него беа извершени операции за отстранување на слезинката.
Претходно беа санирани бројни повреди на главата , децет скршени ребра, скршена бутна коска и карлица.
Докторите објаснуваат дека Лазиќ денеска можел да комуницира со нив , но му е потребно апсолутно мирување.