Претседателот на ДИК, Александар Даштевски на пресконференција истакна дека проблемот со гужвите тешко се надминува во целата земја. За оваа проблематика, наведе повеќе причини.
- Избирачкиот список има многу повеќе страни, од што имал претходно, затоа што имаме рекорден број на листи. И поради тоа проверката трае повеќе време. Од друга страна, преку една четвртина од одпечатоците на прстите кои ги добивме од МВР се со лош квалитет и утврдувањето оди поспоро, или пак не може да се утврди, па се оставаат на страна, истакна Дашковски.
Како дополнителна причина за оваа проблематика ги наведе и ковид-мерките, по што не се пуштале многу луѓе во просториите, бидејќи надлежните имале насока да пуштаат толку луѓе колку што имале паравани.
- Затоа сакам да кажам дека ДИК е едногласна во тоа дека ќе се продолжи гласањето за сите луѓе кои ќе се најдат на тоа место, истакна претседателот на ДИК.