Давор Поповски избран за претседател на СПУКМ, но тензично


Студентскиот парламент на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“,  за нов претседател на Студентскиот парламент го избра Давор Поповски. Според соопштението на Студентски парламент, на сите 23 факултети гласањето започнало навремено во 9 часот и завршило во предвиденото време во 16 часот.

Кандидати за студентски лидер беа Стефан Василевски од Медицинскиот факултет кој доби поддршка од шест студентски парламенти на факултетите и Давор Поповски кој доби поддршка од студентски парламенти на факултетите.univerzitet

Поповски на функцијата е избран со освоени 3.851 гласови , а неговиот противкандидат Стефан Василевски, одвои 1.275 гласови . На изборите вкупно гласале 5.264 студенти. Вкупно имало и 138 неважечки гласови.

„Изборниот процес се одвиваше во фер и демократска атмосфера, каде што можност имаа студентите да го дадат својот глас и достојно да го изберат својот нов лидер. Во текот на изборот имаше тенденции за скандализирање на изборот од страна на Студентскиот пленум, кој е политички мотивиран, да направат упад во гласањето и да ги спречат студентите да го искажат своето демократско право на глас, што беше директен атак на слободата на студентското изразување“, се вели во соопштението на Студентски парламент.

Од таму испратија остра критика и го осудија насилното однесување на членовите на Студентскиот пленум за време на изнесувањето на гласачките кутии од Правниот факултет, за време на пребројувањето на гласовите и за време на внесувањето на последните кутии во просториите на СПУКМ.

„Ваквиот начин на однесување сметаме дека не доликува на академски граѓани и на студенти кои треба да бидат авангарда и носители на иднината на нашата држава. Политички мотивираните насилни однесувања се одлика на оние кое сакаат да го уништат студентското движење“, се додава во соопштението.

Од друга страна пак Студентскиот пленум цело попладне го блокираа влезот на Студентскиот парламент во близина на студентскиот дом „Кузман Јосифовски Питу“, во обид да се спречи броењето на гласачките кутии што претходно насилно биле грабнати од Правниот факултет. На актуелниот претседател на СПУКМ Кирил Спировски му поставија ултиматум да ги поништи изборите.

Специјални полициски сили се распоредија пред Студенсткиот дом во центарот на Скопје и го чуваа седиштето на Студентскиот парламент каде што се броеја гласачките ливчиња на изборите Инцидентот настана кога кутиите со гласачки материјал беа носени во седиштето на СПУКМ на пребројување. Влезот во зградата беше блокиран од членови на Студентскиот пленум.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1