Дејан Георгиевски на Македонија ѝ донесе првиот олимписки медал по 21 година


Македонскиот таеквондистот Дејан Георгиевски го освои второто место и сребрениот медал на Олимпијадата во Токио.

Дејан Георгиевски во финалето против првиот фанворит Владислав Ларин загуби со 15:9 и со тоа го освои сребрениот медал на Олимпијадата во Токио.

На патот до финалето, Георгиевски денеска ги совлада актуелниот светски првак Рафаел Јуниер Алба Кастилјо од Куба со 11:8, репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска, Сајду Гбане, со 9:4 и Кјо Дон Ин од Јужна Кореја со 12:6.

Георгиевски, кој е член на теквондо клубот Бутел, во кариерата има освоено злато и сребро на европските првенства, а нормата за Токио ја избори на квалификацискиот турнир во Софија.

Ова е 14-ти медал за Македoнија во историјата на Олимписките игри, и само втор од независноста на Македонија.

Претходно, пред 21 година, на Игрите во Сиднеј, Могамед Ибрагимов освои бронзен медал во борење. Под знамето на Југославија, деветмина спортисти од Македонија освоија вкупно 15 медали од 1956 до 1988 година, од кои два златни, пет сребрени и шест бронзени.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1