Дека големите луѓе имаат големо срце по којзнае кој пат се покажува и во случајот со Марија Росалес која во 2008 и изјавила на полицијата дека случајно го задушила и убила својот 2 годишен внук кога се превртела врз него. Таа беше обвинета за убиство, но по анализите на истражителите утврдено е дека таа не ја зборувала вистината.
Марија која е една од најдебелите жени во светот, помирена со судбината дека постојано лежи, намерно кажала дека таа го задушила детето за да ја спаси сестра и ( мајка на момчето)
Истражителите по деталната анализа на извештајот од обдукцкијата утврдиле дека детето не умрело од задушувње туку од повреди со тап предмет во главата. Тогаш Марија признала дека сестра и го тепала детето по глава со предмет, но таа ја заштитила за да нејзините други внуци имаат мајка.
Детето имало модринки по целото тело. Било тепано и по рацете и по нозете. Истрагата за убиството на малиот Елисејо сега добива друг тек.