Деблокиран патот „Богородица“ – Солун


Утрово околу 9 часот, грчката полиција го деблокира меѓународниот пат до Солун кој изминативе два дена беше запоседнат од бегалците во дивите кампови во Идомени и околината на Поликастро.bogorodica1

Барикадите кои се наоѓаа на два километри во грчка територија утрово се тргнати и сообраќајот е целосно нормализиран и на грчка територија. На граничниот премин „Богородица“, немаше метежи поради блокадата на патот во Грција кој редуцирано се одвиваше по алтернативни селски и полски патишта по кој минуваа лесните автомобили, а камионите беа приморани да чекаат.

Илегалните мигранти го блокираа патот со барање да биде отворена за нив македонско-грчката граница што е во спротивност со постигнатиот договор меѓу Брисел и Анкара кој почна да се применува од вчера.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1