Во градинката „Весели цветови“ во Кисела Вода, работните површини загадени со бактеријата салмонела по сè изгледа се причината за труењето на 12 деца, што се случи пред петнаесетина дена, пишува Утрински весник.
Во резултатите од петте брисевите кои инспекторите тогаш ги зеле од ладилникот, гајбата за јајца, сечкалката за зеленчук, внатрешната површина од пластичниот сад за транспорт и од најлонската кеса за чување на зеченчукот, кај три примероци се покажало присуство на енетеробакетрии, идникатори за фекално загадување, информираат од Државниот здравствено-санитарен инспекторат.
Иако официјално не било потврдено, според неофицијални информаии на весникот, сечкалката за зеленчук била загадена со бактеријата од фекално потекло. Но, не биле презентирани мострите земени од вработените во кујната, иако од Инспекторатот уверувале дека тие биле негативни.
И покрај ова, епидемиолозите се сомневаат дека лошата манипулација на вработените е изворот на труењето. Кујната овие две недели била затворена, а децата се снабдува со храна од друг објект. Градинката повторно биле натерана да направи дезинфекција и чистење, сега наодите се негативни, и кујната како што известуваат од инспекторатот, ќе биде отворена.
Надлежните сè уште не кажуваат дали ќе има санкции против раководството на градинката.