Дедо Добри – просјакот кој на црквата и подари 40 000 евра денеска полни 100 години


Најголемиот дарител на храмот “Св Александар Невски” во Софија- Добре Добрев, познат како просјакот дедо Добри, денес станува на 100 години, соопшти БНТ.

dedenceНеговото име се врзува, откако се дозна дека во 2009 година тој донирал на патријаршиската катедрала над 35 илјади левови – најголемото донација од физичко лице во над 100-годишната историја на храмот.

Мажот кој често е нарекуван и светец од село Бајлово, живее крајно аскетски во своето родно село и ги одбегнува сите јавни настапи.

Покрај напредната возраст тој продолжува секој ден да патува или оди до Софија и и да проси за да собере пари пред вратите на храмовите на цркви и манастири. Се проценува дека низ животот донирал вкупно околу 80 илјади левови,или 40 000 евра.

Најдобриот дедо: Дедо Добри е питач – но не за себе – се што ќе му дадат дава на црква (Видео)

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1