Триесет дена притвор му одреди истражен судија на 62-годишниот М.М. од Битола кој од МВР е осомничен за полов напад врз дете кое не наполнило 14 години и за задоволување полови страсти пред друг.
Тој пред 8 дена извршил полови дејствија и се самозадоволувал пред десетгодишно девојче од Битола. Го искористил отсуството на мајката на девојчето и го извршил делото во нивниот дом.