Дедо Мирко е најстариот жител во Охридско – Костадина и Душан со најдолг стаж во БРАК


Охриѓанецот Мирко Иваноски (96) кој е роден на 17 ноември 1919 година е прогласен за најстар жител во општините Охрид и Дебарца врз основа на конкурсот кој го објави охридскиот Црвен крст, како дел од активностите за одбележување на Неделата за грижа на стари лица.

17

Фото -Ohridnews

За брачен пар со најмногу години поминати заедно, во рамки на истиот конкурс се избрани Костадина и Душан Лошкоски од село Оровник, општина Дебарца, кои во брак стапиле на 15 февруари 1949 година и имаат 66 години брачен стаж.

Тие добија пригодни подароци и признанија во рамки на настанот „За сончева есен на животот“ кој се одржа вчеравачер во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид.

unnamed

Фото -Ohridnews

Инаку како дел од активностите на Неделата за грижа на стари лица, во текот на утрешниот ден, екипи на  Црвениот крст заедно со медицински тимови, ќе организираат бесплатни здравствени прегледи за старите и изнемоштени лица во општина Дебрца, кои ќе ги посетат во нивните домови. Исто така според најавите, ќе бидат поставени и пунктови за бесплатни прегледи на подрачјето на Охрид.

OhridNews

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1