Дедото на Јелена Ѓоковиќ ограбен и врзан на нива, семејството во шок


Дедото на сопругата на Новак Ѓоковиќ, Јелена, Милосав Радисављевиќ, денеска бил најден врзан за бетонски столб во местото Љиг, во западна Србија. Според српските медиуми ставува збор за киднапирање, а полицијата работи на расветлување на овој случај.

-Го пронајдовме врзан со лисици за една бетонска бандера во нива со пченка од каде тој извикуваше за помош. На местото случајно поминуваше директорот на комуналното претпријатие во овој град кој ги слушнал повиците за помош, па веднаш му пружил помош. Веќе неколку пати ја контактиравме неговата ќерка која во моментов се наоѓа во Монте Карло и ни рече дека на нејзиниот брат му се испраќаат пораки во кои се бара два милиони евра откуп, вели претседателот на општината Љиг, Драган Лазаревиќ.

Тој додава дека на лице место е пристигнато полиција и се работи на расчистување на случајот.

Прес-тимот на Ѓоковиќ денеска објави соопштение дека семејството е во „целосен шок поради она што се случи“ со 85-годишниот Милослав Радисављевиќ.

Тие велат дека двајца напаѓачи провалиле во куќата на Радисављевиќ, му барале пари, а откако овој одбил да им даде, тие го однеле на поле оддалечено неколку километри и го врзале.

Полицијата рече дека без да знаат дека е Радисављевиќ, нашле еден човек рано утрото врзан за бандера близу неговата куќа во Љиг, околу 50 километри јужно од Белград.

Радисављевиќ ѝ рекол на полицијата дека бил ограбен од двајца маскирани напаѓачи, кои му зеле 26.000 динари и мобилен телефон.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1