Жељко, татко на Марко николиќ (43) кој монструозно пред Центарот за социјална работа во Раковица ја уби својата невенчана сопруга Маја Ѓорѓевиќ (38) и нивниото дете Михајло (4), открива како последните часови ги поминал со внукот и како се однесувал Марко пред да го изврши двојното убиство, и ранување на 3 лица во Центарот.
-Кога на вестите слушнавме што се случило, се шлогиравме. Плачеме за детето. Нема оправдување. Нашиот внук беше злато, прекрасно дете. Ќе умреме за него. Ни сега не знам зошто тоа го направи, раскажува таткото на Николиќ.
Тој додава дека нивниот син од јуни минатата години го гледал детето по 7 ипол часа и дека редовно го носел кај нив, како и тоа дека сакал тие гледања да бидат почести.
-И кобната среда го доведе детето кај нас. Штом го донесе отиде да купи нешто. Детето беше со нас, си играше цело време, се беше нормално. Воопшто не забеелжавме дека со Марко нешто не е во ред. Кога се врати од продавница, излезе надвор да си игра со Михајло. Му купи сладолед и го возеше во џипот на батерии кој му го купи. Во 15 часот го стави во кола и го однесе, раскажува Живко за последните моменти од животот на својот внук.
Николиќ истакнвуа дека Марко во последно време бил депресивен и анксиозен, но дека го сакал својот син.