Дехари добил смртни закани од анонимната „Црна зора“


Првите луѓе на општина Кичево деновиве добиле писма со смртни закани од анонимна организација „Црна зора“, за што била информирана полицијата, јави телевизијата „Алфа“.

Fatmir-Dehari1Инаку, според новиот градоначалник Фатмир Дехари, општина Кичево наследила долг од 5,3 милиони евра од претходните општини Кичево, Другово, Вранешница, Осломеј и од Зајас, во кој влегуваат и долговите на основните и средните училишта.

Дехари истакна дека општина има голема превработеност со вкупно 167 извршители, а помалите етникуми, според него, претходно биле дискриминирани на сметка на Македонците. Дехари рече дека нема да прави делби по етничка линија и дека реакциите за отказите на пожарникарите се неосновани.

Претходниот градоначалник на Кичево, Благоја Деспотовски, за телевизијата изјавил дека податоците за финансиски дубиози се неосновани, бидејќи во негово време буџетот бил зголемен за 35 отсто, а задолжувањата биле кредит за изградба на улица, поплочување и долгорочна позајмица од владата. Тој демантирал дека вработувал по етнички разлики и истакнал дека поради тоа кичевчани го викале Мендела.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1