Дејл и Алис Роки се во среќен брак 81 година!


Приказната на Американците Дејл и Алис Роки, кои и двајцата имаат 99 години, докажува дека љубовта не престанува, ниту по 81 година брак

Тие и натаму се разбираат со поглед, разменуваат нежности и постојано се држат за раце.

Всушност, тие прегрнати чекорат цел живот.14022015221502_Брак

Кога во една прилика го прашале Дејл дали е можно по толку време уште да ја сака Алис, тој едноставно одговорил:

– Уште прашувате. Не само што ја сакам, јас ја обожавам!

За овој свој животен подвиг тие добија и почесна награда од Христијанската заедница – за најдолг брак во САД.

Само шест месеци по првата средба тие на 29 ноември 1933 година стапиле во брак. Денес имаат пет сина, 15 внуци, 28 правнуци и шест пра, пра внуци.

– Се запознавме за време на големата економска криза и многу нешта минавме заедно. Испративме 13 американски претседатели , го „видовме“ првото слетување на Месечината и преживеавме многу војни и кризи, но ништо не не скрши и еве уште сме заедно – вели Дејл.

Иако зад себе имаат цел век, се однесуваат како да се на самиот почеток на бракот. Секојдневно си кажуваат колку се сакаат, се бакнуваат и прегрнуваат.

Нивниот син Том Роки вели дека за него родителите се извонреден пример, како треба да се живее во брак.

– Тие с епрекрасна двојка, секогаш се фатениз а раце, а тоа денес, за жал е мнмгу ретко. Сите сме горди на нив, прекрасни се – вели синот Том Роки.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1