Дејвид Камерон поднесе оставка


Британскиот премиер Дејвид Камерон денеска соопшти дека си заминува од функцијата.

– Се борев за оваа кампања на единствениот начин на кој што знаев, дикретно и страствено. Мислам дека на земјата ѝ е потребно ново лидерство. Нема да биде во ред за мене да се обидам да бидам капетан кој ја управува земјата на нејзината следна дестинација, изјави Камерон.kameron-640x320

Тој додаде дека ќе продолжи да ја врши позицијата во наредните неколку месеци.

Неименуван помошник во кабинетот на Камерон денеска изјави дека по вчерашната референдумска одлука за напуштање на ЕУ, Велика Британија сега се наоѓа на „непозната територија“.

– Ние сега сме на непозната територија. Сите се многу уморни. Не сме спиеле – изјави неименуваниот претставник, откако нецелосните резултати од референдумот покажаа дека граѓаните на Велика Британија одлучија земјата да ја напушти Европска Унија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1