Дел од раководството и членството на Интегра премина во ВМРО-ДПМНЕ. Трансферот на заедничка средба го официјализира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и потпретседателот на Интегра, Воислав Зафировски.
Зафировски рече дека лидерот Љупчо Ристовски партијата ја претворил во секта во која не дозволувал да се слушне туѓо мислење сметајќи се себе си за пророк.
Мицкоски рече дека во периодот кој следи ќе почне процесот на окрупнување на опозицијата во кој повеќе партии и организации ќе се приклучат кон ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата Интегра велат дека нема преминување на раководството бидејќи тоа било разрешено и дека партијата функционира монолитно.