Автомобилот мерцедес на Ацо Стефковски во текот на ноќна бил демолиран и испрскан со спреј во населбата Радишани каде што живее Александар, јави Канал 5.
Демолираниот автомобил Александар го забележал утрото околу 8 часот кога тргнал на работа.
Повикал полиција која извршила увид на местото на настанот. Ацо Стефковски е брат на Борче Стефковски рибарот, кој лани на Велигден беше убиен кај Смилковското езеро во петткратното убиство наречено „велигденски масакр“.
Се уште не е откриено дали инцидентното е поврзан со тековниот судски процес во случајот Монструм . Шестмина од кои двајца се во екстрадициски притвор на Косово ,се обвинети за петткратното убиство во кое покрај Борче Стефковски беа убиени уште 4 момчиња од Радишани и Бутел.
На автомобилот според исказот на Ацо Стефковски немало никакви пораки а неговиот мерцедес бил потполно уништен и испрскан со спреј .