Демонстрант почина од рак предизвикан од солзавец со кој полицаец го испрскал одблизу


gezi-eylemcisi-mehmet-istif-hayatini-kaybetti_1102649_720_400Демонстрант од антивладините протести во Турција од минатата година почина од рак на јазикот, дијагноза поставена откако полицаец од близу му прснал солзавец, објави турскиот весник „Тудејс заман“.

Мехмед Истиф учествувал лани во јуни во демонстрациите во Мерсин, во знак на солидарност со протестите за истанбулскиот парк Гези. Стравувајќи да не биде уапсен, тој не побарал лекарска помош истиот ден, туку подоцна кога се појавиле видливи симптоми.

Истиф (36) починал вчера од рак на јазикот, неколку месеци откако бил опериран.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1