Петочните протести поради пресудата во случајот „Монструм“ поминаа мирно и без инциденти, откако еден час по нивното започнување, демонстрантите се разотидоа.
Неколкуте илјади демонстранти го започнаа протестот околу 14 часот, движејќи се од Бит Пазар кон Судска палата, но беа пресретнати од полициски кордон кај ТЦ „Мавровка“. За време на протестот топлата упатуваше разни скандирања, но немаше инциденти.
Протест беше организиран преку социјалните мрежи а засега организаторите се уште се непознати. Минатонеделните протести пред Судска палата ескалираа со насилство, а имаше и повредени.