Возило на Итната брза помош денеска беше блокирано на раскрсницата кај мостот Гоце Делчев. Според информациите од терен, возачот на возилото гласно викал за да го пуштат, при што морал да заобиколува за да ја помине блокадата.
Овој денешен случај е само последен во серијата инциденти предизвикани од опозициската “шарена револуција“ која протестира веќе подолг период.
Од шарената револуција со маил се обратија до медиумите.. еве што велат
Почитувани медиуми,
Би сакале да ја информираме јавноста за злоупотребата и нечовечките методи кои ги користи власта да ја креира лажна слика за шарената револуција. Предмалку, на блокадите на мостот Гоце Делчев, во исто време дојдоа две возила на брзата помош кои беа празни, што се гледа од фотографиите во прилог. Возачите уште при првиот застој излегоа да се расправаат со демонстрантите, иако тие уредно им направија место веднаш да поминат.
Целата оваа ситуација е документирана преку фотографиите на кои се гледа дека возилата се празни и дека не превезуваат пациенти. Во моментот кога оваа режирана сцена се случуваше, се појавија и камерите на провладините медиуми кои „случајно“ го снимија овој настан и веднаш потоа заминаа.