„Народен фронт за спас на Македонија“ денеска организираше протестен марш против промена на уставното име на Република Македонија, во пресрет на доаѓањето на Коѕијас.
-Протестираме директно против негаторите на македонскиот народ и идентитетот на Македонија. Не може Коѕијас денеска да дојде овде и да ни глуми пријател, а да бара да се делегитимираме самите себе пред светската јавност, рече Страшо Олумчев, претседател на Семакедонскиот национален совет, пренесе Фокус.