Ден на македонската револуционерна борба


Ден на македонската револуционерна борба или Ден на револуционерната борба е државен празник кој се празнува на 23-ти октомври

Празникот се празнува по повод основањето на Македонската револуционерна организација во Солун. Имено на 23 октомври 1893 година во куќата на солунскиот книжар Иван Хаџи Николов во Солун се собрале шестмина млади мажи за да ги ставаат основите на тоа, коешто ќе стане симбол и знаме на борбите на Македонците за слобода.den-na-vmro

Основоположниците биле: Д-р Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Aрсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев. Тие основаат конспиративна група, нарекувајќи ја Македонски револуционерен комитет. Организацијата се борела за ослободување на Македонија со сопствени сили, без помош од надвор. Формирањето на ВМРО значело почеток на организираното македонско револуционерно движење кое преку Илинден 1903 и Крушевската република, преку НОВ резултира со создавање современа самостојна македонска држава.

Овој датум се поврзува со организираната борба на македонскиот народ и на националностите кои живееле на оваа територија, за формирање независна држава. Во политичка смисла, тогаш борбата за автономија значела формирање самостојна држава. Затоа 23 октомври симболизира континуитет на македонската борба за независност, што резултирал денеска да имаме сопствена, независна држава.

По повод Oдбележување на 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба делегација на Собранието на Република Македонија ќе положи цвеќе на Споменикот на основачите на ВМРО, лоциран во паркот „Жена борец“.

Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“ ќе ја додели државната награда „23 Октомври” во 2016 година за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство на Република Македонија.

По повод празникот ќе има и парадно дефиле на Градскиот дувачки оркестар низ улиците на Скопје со познатите „Чекорници“ во организација на Град Скопје и Младинскиот културен центар.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1