Ден на жалост во Италија


Во Италија денеска е прогласен Ден на жалост поради жртвите од уривање на надвозникот во Џенова, при што загинаа 38 луѓе, а од 10 до 20 лица се водат како исчезнати.

Предвидена е литургија и погреб на жртвите. На церемонијата ќе присуствуваат и претседателот и премиерот на Италија, Серџо Матарела и Џузепе Конте.

Погребната церемонија ќе биде пренесувана во живо на Радио и телевизија на Италија (РАИ).

Надвозникот Моранди, дел од автопатот А10, се урна во вторникот.

Бетонскиот мост Моранди е изграден во 1967 година, висок е 90 метри и долг малку повеќе од еден километар. Најдолгото растојание меѓу два столба е 200 метри. Целиот мост бил реконструиран во 2016 година.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1