Лесиј Смар од Лонгвју во Тексас на 1. февруари прославила 15-ти роденден и наредниот ден починала од срцев удар откако го исцрпила своето тело со изгладнување.
Нејзините проблеми почнале неколку месеци порано кога пријателите од средно школо почнале да и` се потсмеваат поради облините, пренесе Јутарњи.
– И зборуваа дека има голем задник. Тоа ја погоди, раскажала нејзината мајка Кенди Милер за Њуз Журнал.
Кенди тврди дека пријателките ја сакале Лесиј и дека не сакале да и` наштетат, но дека нејзината ќерка се фокусирала на својата килажа.
Прво се концентрирала на здрава храна и редовни вежби, но наскоро нејзиното семејство забележало дека Лесиј се однесува необично.
Таа повраќала се` што ќе изедела. Од 57 килограми се „стопила“ на само 40.
За жал, нејзината желба за поубав изглед завршила трагично.