Ден по пожарот во Чаир – Најтажниот викенд за станарите


За настраданите во пожарот, овој е најтажниот викенд. Откако дел од нив минатата ноќ ја поминале во хотел обезбеден од општината Чаир, други, пак, кај своите роднини, тие се вратија во своите домови. Да ги подрасчистат, ама и да си ги обезбедат. Не пречека грда глетка и уште потешка миризба од преголемата зачаденост, пренесува МТВ.

„Вратите се искршени, стаклата, има од каде да влегуваат да не ограбат во делот од станот што е останат“, вели Андријана Тодоровска, станар.

cair pozar

За време на пожарот сведочевме од долу на драмата за извлекување на дечињата од деветтиот кат, сега од внатрешноста на просторијата каде противпожарната бригада битка биеше со огнената стихија за да ги спаси нивните животи.

Во домовите се потестуваше на страотните пламени јазици што им ја проглтаа покуќнината печалена со години. Остана отворено прашањето што е причината за тоа.gori_thumb_medium500_375

Последните шпекулации велат дека фрижидерот за длабоко замрзнување е причината за пожарот кој избувна во зградата, меѓутоа тоа не го тврдат неговите сопственици. Семсјтвото Кузмановски тврди дека виновна е старата инсталација.

„Ние мислиме дека се беше во ред, се беше исправно и дека причината е нешто друго, фрижидерот си работеше нормално“, вели Кузман Кузмановски, станар.

Среќа во несреќа е што немаше жртви во пожарот. Сите задржани во болница се пуштени освен вујкото на дечињата кој ја повреди ногата при евакуирањето.

МТВ

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1