Ден по трагедијата кај Ниш: 3 лица во тешка состојба, возачот на автобус во кома


Сите триесетина пациенти во Ургентниот центар во Ниш донесени по страшната несреќа кога воз удри и преполови автобус, 24 часа по трагедијата се во стабилна состојба, освен три лица кои се во животна опасност.

Ова утринава го соопштиле директорот на Клиничкиот центар во Ниш Зоран Радовановиќ и шефот на дежурката екипа на Ургентниот центар, Хаџи Бојан Марјановиќ.

Во страшната несреќа животот го загубија пет лица, од кои две на повредите им одлегнаа во болница. Богомир Лазиќ (75), Данијела Станковиќ (48), Алекса Димитријевиќ (15), Наташа Јанковиќ (43) и Марјана Кочиќ (17).

Докторите велат дека на трите најтешко повредени лица во текот на ноќта не им била вложена состојбата.

Станува збор на 16 годишно девојче кое е оперирана поради повреди на централниот нервен систем, момче исто така на возраст од 16 години со повреди на ’рбетот и маж кој има 31 година и има повреди на абдоменот.

Според изјавата на директорот, нивната состојба постојано се следи. Под будното око на докторите се и останатите 23 повредени патници, меѓу кои 13 малолетници, чија состојба е стабилна и се надвор од животна опасност.

Според пишувањата на српките медиуми, возачот на автобусот е во вештачка кома со повреди на главата и градниот кош, но е во стабилна состојба.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1