Денес бесплатно возење на рингишпилот во Центар


Од  10 часот изутрина, најмладите жители на Скопје, ќе можат да уживаат јавајќи се на коњчињата и другите фигури на каруселот кој што веќе е поставен на кејот на реката Вардар

ringispilУтре, бидејќи е официјалното отворање, возењето на вртелешката ќе биде бесплатно. Овој месец и наредниот, билетите ќе бидат со промотивна цена односно, 30 денари за 1 лице, а за дете со родител билетот ќе изнесува 40 денари.

По промотивниот период, од 1 јуни, цената на билетите ќе изнесува 45 денари за едно лице и 60 денари за дете со родител. Дозволената возраст на децата е до 12 години, додека за деца до 5 години ќе биде дозволено придружба од родител.

Каруселот има 21 фигура од кои; 8 галопирачки коњчиња, 9 коњчиња кои се нишаат, 2 статични кочии, и 2 чајни чашки, или вкупно 31 седиште. Првите три дена каруселот ќе работи од 10:00 часот до 22:00часот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1