Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со умерена облачност. Во попладневните часови во северните делови ќе има локална појава на дожд и грмежи.
Утринската температура ќе се движи од 10 до 17, а дневната од 27 до 34 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне ќе има локална нестабилност во вид на порен дожд и грмежи. Утринската температура ќе се спушти до 15, а дневната ќе се искачи до 31 степен.
За време на викендот и во почетокот на следната недела во поголем дел од земјава ќе биде нестабилно со поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер, а можна е и изолирана појава на град.
Пооблачно време и пообилни врнежи се очекуваат во недела.