Времето ќе биде сончево и потопло со мала облачност. Kон крајот на денот, ќе се прошири облачноста од северозападните делови и преку ноќта во западните делови ќе има услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Температурата ќе се движи од 25 до 36 степени.
За Скопје и околината метеоролозите најавуваат слично време со температура до 33 степени. УВ индексот ќе бие висок и ќе изнесува осум.
Од вторник напладне времето ќе се дестабилизира и ќе врне пороен дожд. Нестабилно во попладневните часови времето ќе биде сè до петок.