Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб северен ветер
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со повремен дожд, попладне со услови за нестабилност, појава на пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе се спушти до 12, а дневната ќе се искачи до 23 степени.
Во четврток и во петок ќе преовладува претежно сончево време со мала до умерена облачност и умерен ветер од северозападен правец.