Од 6 до 7 илјади евра казна за работодавачите кои на вработените не им ја исплаќаат празничната дневница.
Министерството за труд и социјална политика утврдило дека голем број од работниците кои работат за празници воопшто не ја добиваат дневницата пропишана со закон која е за 150 проценти повисока од регуларната. Минатата година при 1000 проверки од страна на инспекторите од министерството биле регистрирани 3000 вакви случаи, вели министерот Ристовски.
Тој најави зајакнати контроли на инспекциските служби и поголема заштита на правата на работниците.
Сепак празничните дневници и натаму се мислена именка за вработените како во приватниот така и во државниот сектор.. Според некои информации вработените во АРМ не добиваат никакви празнични дневници
Според законот работодавецот мора да ги наведе имињата на работниците кој работат за празник и врз основа на тоа да ги исплати. Но тоа ретко да не речеме – НИКОЈ не го прави. И да повикате инспекција потребен ќе ви е доказ дека сте биле на работа. А пазарната инспекција откако ќе го процесуира случајот единствено што може е да го казни евентуално работодавачот, а вие да добиете отказ па потоа правдата да ја барате по судовите што може да трае и неколку години.