Трите силни соларни експлозии кои се забележани во изминатите денови на површината на Сонцето ја блокираа комуникацијата на некои делови на Земјата, а ударниот бран кој го генерираат би можел денес да ја погоди нашата планета соопшти Националната управа за океанографија и атмосферски мерења на САД.
Манифестациите на Сонцето, кои се случија два пати во вторникот наутро и уште еднаш вчера, предизвикале краток прекин на високофрекфентните комуникации.
Соларните експлозии во сончевиот систем, всушнсот се можни на енергија која е слична на милјарди мегатони ТНТ.
Сето ова може да предизвика прекин на комуникацијата , соопшти НАСА.
Една од експлозиите, би можела уште денес да дојде во контакт со земјата. Тоа е џиновски облак на плазма кој би можел да ја погоди земјата и ќе ги загрози комуникациските системи.