Времето во Македонија ќе биде облачно, стабилно и без врнежи.
Утринската температура ќе се движи од пет до 10, а дневната од девет до 13 степени.
Во Скопје времето утре ќе биде облачно, со утринска температура до осум и со дневна до 12 степени.
Од петок попладне земјава ќе потпадне под влијание на нов влажен бран од Медитеранот кој ќе продолжи и во текот на продолжениот празничен викенд. Температурите за време на викендот благо ќе опаднат.