Времето во Македонија ќе биде променливо и нестабилно облачно со пороен дожд, грмежи и засилен североисточен ветер. На места можно е процесите да бидат поинтензивни, локално во форма на невреме.
Температурата ќе се движи од 18 до 30 степени.
Од УХМР информират дека во петок во попладневните и вечерните часови ќе има развој на нестабилна облачност проследена со локален пороен дожд, грмежи и засилен северен ветер. На места, врнежите повремено ќе бидат поинтензивни.
За време на викендот се уште ќе има услови за локална појава на пороен дожд и ретки грмежи, осoбено во западните делови.
Во Скопје ќе биде променливо и нестабилно облачно со пороен дожд, грмежи и засилен североисточен ветер.
Температурата ќе достигне до 28 степени.
За време на викендот, во јужните и планински делови се уште ќе има услови за локална појава на краткотран дожд и ретки грмежи.