Времето во Македонија претпладне ќе биде сончево и топло со мала облачност.
Ќе дува умерен, а повремено и засилен ветер од западен правец. Попладне и понатаму ќе има услови за појава на изолирана нестабилност со пороен дожд и грмежи.
Утринската температура ќе се движи од 12 до 19, а дневната од 30 до 36 степени.
Во Скопје времето претпладне ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува умерен повремено засилен југозападен ветер. Попладне ќе има услови за нестабилност со пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 33 степени.
Во четврток и петок во попладневните часови и понатаму ќе се задржи нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.
За време на викендот стабилно, сончево и убаво време.